Законот за заштита на личните податоци му дава право на субјектот на лични податоци да знае кои лични податоци контролорите ги собираат, обработуваат и чуваат за него и дали тие работат законито.

Контакт податоци на Офицерите за заштита на лични податоци можете да побарате на:

+389 (0)2 2442 451
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
бул. 3-ТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА 49, Скопје

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРАВАТА НА СУБЈЕКТОТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Законот за заштита на личните податоци му дава право на субјектот на лични податоци да знае кои лични податоци контролорите ги собираат, обработуваат и чуваат за него и дали тие работат законито.

Нашата компанија ги чува и обработува само оние лични податоци, предвидени со закон, кои се неопходни за да се оствари соработка и комуникација. Нема да чува ниту обработува други категории на лични податоци кои не спаѓаат во наведената група податоци.

Заштитата за личните податоци во нашата компанија се остваруваат на два начина:

1. Нашата компанија мора да се придржува кон законот за заштита на личните податоци, со кој се гарантира дека тие се:

  • обработуваат во согласност со закон;
  • собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели;
  • обработуваат на начин што е во согласност со тие цели;
  • соодветни, релевантни и не се преобемни во однос на целите заради кои се собираат и обработуваат;
  • точни, целосни и по потреба ажурирани при што ќе се избришат или корегираат податоците што се неточни или нецелосни; и
  • чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка.

2. Субјектот на лични податоци има право:

  • да биде информиран за идентитетот на контролорот и неговиот претставник;
  • да оствари увид во збирката на лични податоци;
  • да знае кои лични податоци се чуваат за него во електронска или во хартиена форма;
  • да ги знае целите на обработката на неговите лични податоци;
  • да ги знае корисниците или категории на корисници на податоците;
  • да не се согласи со употребата на податоците за комерцијални цели или нивни пренос на трети лица заради такви цели;
  • на пристап и исправка на податоците.

Ако Ви е одбиено барањето да извршите увид во збирката со лични податоци односно Ви е оневозможено правото на пристап, исправка или бришење на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до Дирекцијата за заштита на личните податоци.

НАПОМЕНА Правата на субјектот на лични податоци се пропишани со член 16,17 и 18 од Законот за заштита на личните податоци (Сл. Весник на РСМ бр. 42/2020).

 

СОВРЕМЕН СЕРВИС

BN SERVIS 8x6

Компјутеризиран сервис за отстранување дефекти ПРОКСИЈА (Лексија), компјутеризирано дешифрирање на резервни делови со компјутер наречен СЕРВИС БОКС.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

ПОНУДА НА ВОЗИЛА

BN CILAZ 4x3

ЦИЛАЗ е единствен официјален импортер, дистрибутер и сервисер на возилата BAIC во Македонија.
 

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

ДЕЛОВИ И ОПРЕМА

BN CILAZ 4x3

Овластен дистрибутер на делови од марките Valeo, Sasic, Purflux-Filtrauto, Triclo, Mgi Seim, Cevam од Франција, Triclo, Koyo-Timken од Шпанија и Cofle од Италија.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ

АВТО ПЕРАЛНА

BN CILAZ 4x3

Во склоп на сервисот и авто салонот функционира и авто перална.
 
 

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ