Во рамки на проектот „Локален семинар“ кој е дел европскиот проект CreArt – Мрежа на европски градови за уметничко творештво, се објавува јавен повик за избор на:

• Модератор,
• Компетентни лица/панелисти за предвидената темата од семинарот
• Снимање и монтажа на целокупниот настан

за реализација на проектот „Локален семинар“, предвиден во месец ноември 2026 година,

Низ предавањата наменети за дигитален маркетинг и користење на алатки за промоција на уметници кои се предвидени да се реализираат од страна на компетентните лица/панелисти од земјата, учесниците ќе постигнат повисоко ниво на креативност и инвентивност како и поттикнување на нивните способности.

Кандидатите/ панелисти треба да:

• Имаат стручно познавање од областа која е тема на Локалниот семинар;
• Имаат учество во панел дискусии на слични теми;

Сите избрани компетентни лица (модератот, панелисти, лице задолжено за снимање и монтажа на материјалот) ќе бидат ангажирани со авторски договори.

Напомена:

ЗА ПАНЕЛИСТИ: Кандидатите кои ќе се пријават на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија (CV) и мотивациско писмо зошто се пријавуваат на јавниот повик, како и наслов на својата тема и краток осврт за истата со која би се претставиле на панел дискусијата.
За модератор и лице задолжено за снимање и монтажа на целокупниот настан, кандидати кои ќе се пријават на Јавниот повик треба да достават биографија (CV)

Јавниот повик е објавен на 07.09.2026 и трае до 21.09.2026 година, и трае 15 дена од денот на објавувањето.

Документите може да ги доставите во архивата на институцијата секој работен ден од 8:30 – 15:30 часот со назнака за Локален семинар
ЈУ Детски културен центар Карпош
Илинденска 53, Скопје
или на следиот е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Контакт телефон 02 / 3228 111

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ